Што е ново, прашања и одговори
Български | Català | Česky | Deutsch | English | Español | Français | עברית | Italiano | 日本語 | ქართული | 한국어 | Magyar | Македонски | മലയാളം | Nederlands | Polski | Português | Русский | 中文
Што е променето?
Правиме неколку промени на корисничкиот посреднички елемент. Прво, воведуваме ново руво наречено „Вектор“. Ова ново руво треба да ги направи почестите функции полесни за пронаоѓање. Исто така воведовме бројни подобрувања на посредникот за уредување, вклучувајќи подобрен алатник за уредување, волшебници за помош со вметнување на табели и врски и вградена „помошна табела“ за да се помогне на корисниците да дојдат до пристап до најчесто користените можности. Конечно, го променивме распоредот на мрежното место со поедноставување на општата навигација и поместување на кутијата за пребарување на поинтуитивно место (видете го блог-написот "Why did we move the search box?" за подетални објаснување на оваа промена).
Се надеваме дека овие промени ќе им бидат корисни на нашите корисници. За оние коишто сакат да продолжат со оригиналните поставувања, ќе има врска „Врати ме назад“ на врвот на страницата.
Зошто ги правите овие промени?
Википедија и другите проекти раководени од Фондацијата Викимедија се напишани и уредувани од волонтери. Кога луѓе со знаење не можат да учествуваат во уредувањето на Википедија заради тоа што им е тешко или збунувачки да уредуваат статии, тогаш тоа е сериозен проблем кој го поткопува потенцијалниот квалитет и длабочина на содржината која можеме да Ви ја понудиме. Со други зборови, дури и ако Вие не придонесувате со содржина, колку повеќе им олесниме на луѓето со знаење да се придружат на нашите проекти, толку покорисни ќе станат материјалите за Вас.
Кога првпат беше развиен, софтверот кој го раководи Википедија се сметаше за лесен за корисниците. По денешниве стандарди, тој не е толку општ или лесен за корисниците како други софтвери. Затоа правиме серија од важни промени, почнувајќи со првото објавување на новиот софтвер во април за да ја подобриме Википедија.
Како беше одлучено да се имплементираат овие промени?
Почнувајќи од јануари 2009, направивме мала екипа за проценка и подобрување на употребливоста и корисничкото искуство на Википедија и нејзините братски проекти. Првото истражување за употребливост и искуство се случи во март 2009. Ја споделивме документацијата и видео-материјалот од истражувањето. Според пронаоѓањата од истражувањето, направиме низа на подобрувања кои станаа можни за јавно тестирање во август 2009. Ова беше следено со дополнителни промени и поправки основани на повратни информации од корисниците, кулминирајќи со второ корисничко истражување коешто се случи во октомври 2009 (документација), кое ги потврди некои од нашите промени и нè наведе кон правење на повеќе подобрувања.
Објавувањето на промените коишто ги почнуваме во април ги претставува серијата промени кои се добро тестирани и се искористени од преку 500.000 луѓе преку нашата бета-програма. Во просек, 80% од корисниците коишто ја пробале бета верзијата останале на неа, а собравме и значајни повратни информации од другите кориснци за причините поради кои ја напуштиле бета. Овие повратни информации се искористени за дополнителни промени, од кои многу од нив се проблеми специфични за јазикот. Ја издадовме целата документација од нашите податоци за задржување на бета и корисничките коментари.)
Зошто не правите поголеми промени на посредничкиот елемент?
Ова е само почетокот. Ние направивме неколку дополнителни промени кои што сè уште се во фаза на активно тестирање и развиток. Можете да ги видите промените на нашето прототипно мрежно место. По одобрувањето на овие промени низ корисничко истражување, ќе се надеваме на второ издание подоцна годинава.
Ја направивме употребливоста траен напор на Фондацијата Викимедија. Од сега, вообичаени ќе станат редовни промени и подобрувања на посредничкиот елемент, направени не само за уредувачите-почетници, туку и за читателите и за искусните уредувачи. Поточно, ќе ја процениме најдобрата стратегија за примена на текстуално уредување на Википедија и нејзините братски проекти.
Дали овие промени ќе бидат достапни на сите јазици?
Оваа промена првобитно беше применета на Ризницата на Викимедија во ран април. Англиската Википедеја следеше на 13 мај, а потоа и десетте најголеми википедии. Нашата меѓународна волонтерска заедница, работејќи преку translatewiki.net, сè уште работи напорно за да бидеме сигурни дека ја имаме најдобрата можна локализациска покриеност за почетокот. Ако сакате да помогнете, видете го овој чекор-по-чекор водич на translatewiki.net.
Каде отиде јазичето за набљудување?
Можете да набљудувате/престанете со набљудување на страница со кликнување на ѕвездата во алатникот каде што се наоѓаат копчињата „Читај“, „Уреди“ и „Види историја“.
Како корисниците ќе можат да бидат сигурни дека нивните скрипти, кориснички стилови, додатоци и надворешни алатки ќе работат?
Со тестирање со новите нагодувања, ќе можете да ја проверите компатибилноста и да разрешите било какви проблеми. Со кликнување на врската „Пробај ја Бета“ на врвот од секоја страница и со влез во Бета-верзијата, ќе ги вклучите истите нагодувања кои ќе станат основни.
Друг начин да ја тестирате компатибилноста е да додадете „?useskin=vector“ на врвот од URL-то на страницата.
На пример, http://mk.wikipedia.org/wiki/Фондација_Викимедија ќе стане http://mk.wikipedia.org/wiki/Фондација_Викимедија?useskin=vector за да видите како ќе изгледа страницата со рувото „вектор“.
Како да ги исклучам новите можности?
Ако сакате да ги исклучите новите можности, Ве молиме следете ги следниве чекори::
- Најавете се со Вашата сметка
- Кликнете на врската „Ново!“ во горниот десен агол на страницата (до Вашето корисничко име)
- Одете до пасусот „Врати ме назад“ и кликнете на врската за ди ги исклучите новите можности
Секогаш можете пак да ги вклучите новите можности со повторна посета на страницата „Ново!“.
Зошто скриптите (monobook.js) и стиловите (monobook.css) веќе не функционираат?
Ако сакате да продолжите со Вашиот код во рувото „Вектор“, ќе мора да ја преместите и/или промените Вашата monobook.js страница до vector.js и monobook.css до vector.css, соодветно.
Совети за промена на вектор
Еве добар материјал за промени на рувото „вектор“.